spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторЈСП Скопје: Неделен Возен ред на Духовден

ЈСП Скопје: Неделен Возен ред на Духовден

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека поради верскиот празник Духовден, петок (02.06.2023 год) и во сабота (03.06.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ЛИНИИ 59, 59А И 59Б

Утре, петок (02.06.2023 год), во сабота (03.06.2023 год) и во недела (04.06.2023 год), на линиите 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

БИЛЕТАРНИЦИ

Утре, петок (02.06.2023 год) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (03.06.2023 год) ќе имаат редовно работно време.

ЖИЧАРНИЦА

Жичарницата утре, петок (02.06.2023 год) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

 

 

 

Извор: ЈСП Скопје 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...