HomeОпштиниГевгелија: Созреа „Калинка 2023“

Гевгелија: Созреа „Калинка 2023“

spot_img
spot_img

Калинката созреа, нејзината кора пукна и плодовите излегоа на површина. Заживеа градот на детството, градот на музиката, градот на калинките. Излезе на виделина талентот на дечињата, кои своите вокални и танцови способности веќе ги презентираат на сцената во Народниот театар- Гевгелија.

Три дена, претпремиерно, „Калинка“ се претставува пред сите деца од училиштата и детските градинки.

Славењето на детството преку песната, музиката и танцот продолжува и на 2, 3 и 4. јуни, на истото место со одржување на трите главни фестивалски вечери, а со почеток во 20:00 часот. Сто дечиња, солисти, хористи и танцови групи пеат и играат за: другарството, забавата, лудите години, братчињата и сестричињата, боите, играчките и, се разбира, за калинката по двомесечната подготовка за финалето.
Имено, годинава преку Програмата за финансиска поддршка на активностите од областа на културата, Општина Гевгелија ја презеде обврската да биде покровител на „Калинка 2023“, се со цел повторното враќање и заживување на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ на културната мапа на Гевгелија како нејзин традиционален белег по неколкугодишната пауза од одржувањето.

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија