HomeМинистерстваМЖСПП: Постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро...

МЖСПП: Постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата

spot_img
spot_img

Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата.

Донесувањето на Законот произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.

Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата наскоро ќе биде објавен на порталот на www.ener.gov.mk

За датумот на одржување на јавната расправа, јавноста ќе биде навремено информирана.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте