spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Лекарската комора е наш партнер во унапредување на условите за работа...

МЗ: Лекарската комора е наш партнер во унапредување на условите за работа на докторите, мотивација на кадарот и унапредување на здравствениот систем

По повод 31 година од постоењето на Лекарската комора на Република Северна Македонија на свечениот настан се обрати заменик министерката д-р Маја Манолева пред членовите на органите и телата на Комората и преставниците на државните институции.

-Денот на формирањето на Лекарската комора на Република Северна Македонија е особено значаен ден за сите нас кои припаѓаме на оваа фела. Лекарската комора е наш партнер во унапредување на условите за работа на докторите, мотивација на кадарот и унапредување на здравствениот систем.

 

Со измените и дополнувањата на Колективниот договор за здравствената дејност, кои неодамна ги потпишавме, се зголемија платите за вработените во јавните здравствени установи, како и надоместоците за дежурства. Ова е само еден од многуте чекори кои ги преземаме за подобрување на условите за работа на нашите лекари, кажа Манолева.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...