spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири во Тетово - Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ е добар...

МОН: Шаќири во Тетово – Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ е добар избор за полуматурантите од Полошкиот регион

Моша Пијаде се трансформираше во регионален центар за стручно образование и тој е еден од вкупно трите вакви центри во државата што ги основавме во изминатиот период и кои понудија 8 нови квалификации што компаниите навистина ги бараат. Ова училиште е добар избор за идните средношколци од Полошкиот регион, затоа што нуди квалитетна настава, односно го спроведува концептот на дуално образование преку кој тие ги стекнуваат потребните вештини и компетенции кои ги прават конкурентни на пазарот на трудот.

Ова е пораката која министерот за образование и наука Јетон Шаќири ја испрати до полуматурантите од Тетово и околината, за време на денешната посета на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“, а во пресрет на уписите во средно образование кои почнуваат на 20ти јуни.

„Иднината е во средното стручно образование. Тоа го бара пазарот на трудот и овозможува поголема веројатност за понатамошни успеси на личен и професионален план. Учениците добиваат повеќе практична обука и учат преку работа, за сметка на теоретската настава, што значи навистина квалитетна подготовка за да одговорат на работните предизвици“, рече Шаќири.

Информираше дека Министерството за образование и наука и годинава ќе ги поддржи учениците што ќе одберат стручно образование, со доделување на околу 1500 стипендии доколку бидат дел од дуална паралелка и ги исполнат конкурсните услови.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...