HomeМинистерстваМОН: Со заедничко развивање на вештините, до подобар соживот меѓу учениците

МОН: Со заедничко развивање на вештините, до подобар соживот меѓу учениците

spot_img
spot_img

ООУ „Владо Тасевски“ од Општина Карпош деновиве беше домаќин на ООУ „Хасан Приштина“ од Општина Чаир во рамките на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието.

Учениците од двете основни училишта каде наставата се одвива на македонски и албански наставен јазик, спроведоа активности од областа на спортот, уметноста и музиката. Исто така, беше спроведена и заедничка работилница од областа на техничкото образование каде основците од двете училишта ги прикажаа своите вештини и способности од овој наставен предмет. Целта на оваа соработка и дружење помеѓу учениците беше размена на искуства од образовниот процес како меѓусебно запознавање на обичаите.

Финансирани со грантови од МОН, овие активности влијаат врз работните обврски кај учениците, а имаат и позитивен аспект во формирањето и развојот на личноста, како и почитување на различните етнички заедници кои живеат во земјава.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија