spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2023”

Илинден: Велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2023”

За прв пат во општина Илинден се одржа велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2023” која е во организација на Здружението МТБ Илинден а со поддршка на Општина Илинден.

На настанот учествуваат околу 100-тина велосипедисти од цела Македонија а стартната позиција, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и им посака успешно возење, беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден. Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 км.

Турата се вози групно со попатни паузи, кај манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.

Прочитајте

МСПДМ: Градинката „Рилиндја“ во Тетово официјално отворена, подготвена да згрижи 165...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и Градоначалникот на Општина Тетово, Билал...