HomeОпштиниАеродром: И оваа година еднократна парична помош за секое прваче

Аеродром: И оваа година еднократна парична помош за секое прваче

spot_img
spot_img

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата  на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште  од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
 
Образецот што треба да се пополни може да се најде на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

 

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија