spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Нов повик за проекти „Позелен пограничен регион“

МЛС: Нов повик за проекти „Позелен пограничен регион“

На 07.06.2023 година e отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ од програмата Interreg ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027. Крајниот рок за поднесување предлог проектите преку Заедничкиот систем за електронско следење (Jems) е 15 септември 2023 година, 23:59 часот по локално време во Бугарија (ЕЕТ).

Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да ги идентификува предлог проектите кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз
здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност. Вкупниот износ на повикот за инвестициски проекти е € 4 561 091.

Подобна програмска област е:
За Република Бугарија (административно ниво NUTS III) – областите Ќустендил и Благоевград;
За Република Северна Македонија (административно ниво еквивалентно на NUTS III) – Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион.

Подобни кандидати на овој повик се:
законски основани јавни организации (правни лица);
НВО/непрофитни организации со регистрација од областа на екологијата, заштитата на животната средина и биодиверзитетот, образованието и други дејности, со регистрација најдоцна две години пред оваа покана;
универзитети или други академски/образовни/обучни институции.

Сите кандидати мора да бидат регистрирани во подобната програмска област.

Комплетниот пакет за аплицирање е објавен на следните електронски страници:
www.mls.gov.mk
www.mrrb.government.bg
www.eufunds.bg

Датумите и локациите на информативните настани ќе бидат објавени на веб-
страницата на Програмата   ( www.ipa-cbc-007.eu ).

За дополнителни информации можете да се обратите на Заедничкиот секретаријат на

Програмата на  jtsipakyustendil@gmail.com  :
Главна канцеларија во Ќустендил тел. +359 (0)78 58 01 01;
Канцеларија во Струмица тел. +389 34 330 331

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте