HomeМинистерстваМТВ: ЗМ Реџепи - Во Инфраструктурните проекти ќе се приклучат и лицата...

МТВ: ЗМ Реџепи – Во Инфраструктурните проекти ќе се приклучат и лицата со попреченост

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи учествуваше на завршната консултација за нацрт Националната стратегијата за правата на лицата со попреченост организирана од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица за попреченост и Министерството за труд и социјална политика.

 

 

Заменик министерот Реџепи изјави дека проектите кои ќе се имплементираат ќе вклучуваат мерки за обезбедување пристапност за сите корисници, вклучувајќи ги и оние со попреченост. Реџепи исто така истакна дека за проектите кои ќе се финансираат преку Програмата ИПА III ќе се бара сите градежни активности, изградба на нова или рехабилитација на постојната инфраструктура да бидат инкорпорирани стандардите на Европската Унија, од аспект на пристапност.

„Ние како Министерство за транспорт и врски сме во финална фаза на изработка на Секторската Оперативна Програма за транспорт преку Повеќегодишна Оперативна Програма за транспорт за годините 2024, 2025, 2026 и 2027 каде ќе се дефинираат Проектите кои ќе бидат финансирани од страна на Европската Унија преку Ипа III Програмата.“

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...