HomeОпштиниИлинден: Нов паркинг простор во ООУ ,,Гоце Делчев”

Илинден: Нов паркинг простор во ООУ ,,Гоце Делчев”

spot_img
spot_img

 

Пуштен во употреба новиот паркинг простор на ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден кој е со капацитет за повеќе од 30 возила. Паркинг просторот е изграден во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м², ограден со зелена површина, како и посебен  дел за велосипеди.

Со изградбата на овој паркинг простор за прв пат откако е изградено училиштето се решава долгогодишниот проблем кои го имаа родителите и вработените со паркирање на своите возила, истакна градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека паркинг просторот е изграден по барање на жителите на општина Илинден, а Проектот за изградба е предвиден и во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, и вклучува заштита на локалното зеленило, подобрување на безбедноста на учениците и на севкупните услови за работа во основното училиште  во населеното место Илинден.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија