HomeМинистерстваМЗШВ: Средба Николовски – Дух: Ја зајакнуваме соработката меѓу Северна Македонија и...

МЗШВ: Средба Николовски – Дух: Ја зајакнуваме соработката меѓу Северна Македонија и Словенија во делот на виното, младите и дигитализацијата

spot_img
spot_img

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со министерката за дигитална трансофрмација на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух.

На средбата двајцата министри разговараа за дигитализација на македонскиот земјоделскиот сектор и примена на најсовремените технолошки решенија во областа на земјодлеството, по примерот на Република Словенија.

Министерката Стојменова Дух изрази подготвеност дректно да ги сподели позитивните резултати од  упешни проекти за дигитализација на земјоделство во Словенија, упатувајќи покана до министерот Николовски за посета на успешни млади иновативни фармери.

„Чест ми е што имаме продуктивна, но пред се пријателска средба на која разговараме за дигитализацијата на земјоделскиот сектор кај нас, по пример на Словенија, како и на можноста директно од успешните примери на младите иновативни фармери во Словенија да го црпиме тоа искуство“, истакна на средбата министерот Љупчо Николовски.

Двајцата министри изразија подготвеност за зајакнување на соработката меѓу двете држави во делот на виното, младите и дигитализацијата.

Република Словенија е наша земја пријател и безрезервен поддржувач на европскиот пат. Нашето традиционално пријателство и партнерство во сите области го развиваме и продолжуваме.

 

 

 

Извор:  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија