Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со регионалниот директор на Светска банка за одржлив развој за Европа и Централна Азија, Самех Вахба. На средбата разговараа за проектите за кои што добивме поддршка и со кои сме чекор поблиску до европското земјоделството.
Откупните центри во Ресен и Струмица, објектот за животински нуспроизводи во Росоман, агропрехранбената платформа во Скопје, се само дел од проектите за кои добиваме силна поддршка и со кои сме чекор поблиску до европското земјоделството.
Соработката помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Светска Банка ќе продолжи во спроведување на реформите и модернизација на земјоделството.
Министерот Николовски упати голема благодарност до Светска Банка за целокупната поддршка и одличната соработка со која се унапредува и модернизира македонското земјоделство.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство






























