spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Јавен повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата ОКР

Радовиш: Јавен повик за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата ОКР

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на, на ден 05.06.2023 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Наши сограѓани – Наша грижа  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработувањеРадовиш

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со

предност на невработени лица над 5 години)

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

-лица корисници на гарантирана минимална помош

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

-лица со попреченост

– лица припадници на ромската етничка заедница

самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

 лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: ______Личен Асистент___________

Позиции за работно место 1: _3-три __

 

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: ( ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера),

 

– Работно место 2Негувател

Позиции за работно место 2: ____2 Две  __

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера и ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТЕКНАТА ЛИЦЕНЦА

 

Работно место 3______Лица за подршка на слепи лица__

Позиции за работно место 3: ___3– три__

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

 

Работно место 4______ Негувател за стари и изнемоштени- мултиплекс склероза __

Позиции за работно место 4: ___3-три

Потребни квалификации и занимања за Работно место 4: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

 

Работно место 5______ Негувател за стари и изнемоштени-алцхајмер Позиции за работно место 5: ___3-три

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

 

Работно место 6______ Негувател за стари и изнемоштени- палијатива Позиции за работно место 6: ___5пет

Потребни квалификации и занимања за Работно место 6: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

 

Работно место 7______ Асистент за подршка за самостојно живеење-инструментални

Позиции за работно место 7: ___6шест

Потребни квалификации и занимања за Работно место 7: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш-  кај лицето Стојан Лазаров,  Центар за социјлна работа Радовиш  кај лицето Александар Филев.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш 

 

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...