spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингПоследен Јуниор Куп турнир во мини ракомет за децата од ракометната школа...

Последен Јуниор Куп турнир во мини ракомет за децата од ракометната школа Ракомет За Секое Дете

Во неделата на 11.06. се одржа последниот #ЈуниорКуп турнир во мини ракомет за децата од ракометната школа Ракомет За Секое Дете.

Над 220 деца од Скопје и Велес, одиграа 24 натпревари, многу се дружеа и забавуваа и на крајот од турнирот секое од нив доби сертификат за почетна обука по ракомет. Сертификатите им беа доделени од професорите кои неуморно работеа со нив, пренесувајќи го сето свое знаење на децата во изминатиот период.

ИутеКредит Македонија и понатаму продолжува како главен поддржувач на Ракомет за секое дете – најголемата и најдобро организираната школа за ракомет за деца во нашата држава.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте