spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ДЗС: Деловни услуги, 2021 година

Во 2021 година, најголемиот дел од претпријатијата со над 20 вработени што биле ангажирани во набљудуваните
деловни услуги1) над 90 % од промет го оствариле со обезбедување специјализирани услуги за кои се регистрирани,
освен претпријатијата ангажирани за обезбедување проектантски услуги (78.1 %).
Во 2021 година, 41.8 % од прометот со деловни услуги е реализиран од домашните купувачи, 31.9 % од купувачи во
земјите на ЕУ, а 26.3 % од останатите земји. Компјутерските услуги и натаму имаат најголемо учество во вкупниот
промет од деловни услуги, односно 67.2 %.
Деловните субјекти ангажирани за компјутерски услуги најголемиот дел од прометот го остваруваат од странски
клиенти, т.е. 76.0 %, и тоа, главно, од земјите на ЕУ (40.5 %). Според видот на услугата, прометот е реализиран,
главно, од продажба на специјализирани услуги за компјутерско програмирање, 64.5 %, обработка на податоци 12 %,
консултантски услуги 7 %, а 3.5 % од продажба на компјутери, компјутерска периферна опрема и софтвер.
Повеќе од половината од прометот во областа на рекламирањето (57.5 %) е реализиран преку продажба на услуги
од страна на рекламните агенции, и тоа за комплетна изработка на реклами 39 % и за развој на концепт за реклама
6.3 %. Од услуги за огласување преку медиуми остварени се 26.4 % од прометот, најмногу преку продажба на
простор/време со надомест или врз база на договор, на ТВ/радио (15.6 %) и преку интернет (7.3 %).
44.4 % од прометот на претпријатијата специјализирани за архитектонски и инженерски услуги е реализиран од
услуги за инженерство и техничко советување, 27.6 % од услуги за управување со проекти, додека проектирањето на
станбени и други проекти учествува со 3.9 % во прометот.
Претпријатијата специјализирани за вршење техничко испитување и анализа оствариле 35.3 % од прометот од
испитувањето на исправноста на патничките возила, а 64.7 % од други услуги за техничко испитување и анализа.
Агенциите за вработување реализирале најголем промет преку посредување за привремени вработувања (78.2 %),
најмногу за обезбедување помошен канцелариски кадар (33.8 %), работници во транспортот, магацините, логистиката
или индустријата (15.1 %), комерцијален и трговски кадар (13.6 %) и компјутерски и телекомуникациски кадар (6.4 %).

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте