HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу оствари билатерална средба со министерката за дигитализација на Словенија,...

МИОА: Министерот Алиу оствари билатерална средба со министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова –Дух

spot_img
spot_img

Во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга, што започна денеска, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу оствари билатерална средба со министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова -Дух.

На средбата се разговараше за дигитализацијата и иновативните идеи, а во фокусот беше актуелната соработка меѓу двете земји, интензивирањето и натамошното консолидирање на оваа соработка во рамки на билатералните односи.

 

„Дигиталната трансформација не е само право на избор, туку веќе е неизбежна. Технологијата и дигитализацијата нудат и даваат вредност во сите сектори, во сите аспекти од нашиот секојдневен и работен живот. Од суштинско значење е да се преземат конкретни чекори за подобрување на инфраструктурата и поврзаноста во регионот“, рече министерот Алиу.

Инаку, Преспа форумот за дијалог насловен како „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, е платформа создадена од Владата на Република Северна Македонија, со цел да им овозможи на државите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнат партнерствата.

На ова трето издание на Преспа форумот за дијалог во Струга, високите домашни и меѓународни владини претставници, лидери од регионот и светот, се дел од дискусиите кои во наредните два дена ќе опфатат неколку сесии.

Министерот Азир Алиу утре ќе ја води панел сесијата под наслов: „Дигиталната трансформација поврзува: перспективи за градење партнерства во Западен Балкан“, а како посебна гостинка е министерката за дигитализација на Словенија, Емилија Стојменова –Дух.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте