HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - По цели 13 години го реактивиравме ОК „Работнички Скопје...

Центар: Герасимовски – По цели 13 години го реактивиравме ОК „Работнички Скопје 71 & 22“

spot_img
spot_img

Општина Центар повторно го рестартираше функционирањето на одбојкарскиот клуб ОК „Работнички Скопје 71 & 22“. Цели 13 години клубот беше неактивен, а по поддршката од општината клубот почна да носи позитивни резултати.

„Големо е задоволството да гледаш како еден клуб повторно изгрева и запишува нови победи. ОК „Работнички Скопје 71 & 22“ веќе почна да освојува, сениорите од Прва државна лига со учество во плејоф го освоија ЧЕТВРТОТО место. ШАМПИОНИ станаа во Јуниорска конкуренција 2004, освоија ВТОРО место Кадетско првенство и ШЕСТИ се во пионерската лига. Им посакувам големи успеси и полни трибини“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Екипата на „Работнички Скопје 71 & 22“ има репрезентативци во сите категории: Сениори, Јуниори, Кадети и Пионери. Општина Центар ги повикува сите заинтересирани млади луѓе да му се приклучат на клубот со цел заедно да освојуваат уште поголеми достигнувања и признанија.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија