spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски ги посети учениците на летниот камп во Струга

Илинден: Градоначалникот Георгиевски ги посети учениците на летниот камп во Струга

Учениците од трите општински основни училишта од општина Илинден кои веќе четири дена се на училишен летен камп во еден од македонските туристички центри во Струга, денеска ги посети градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

При посетата градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден за прв пат субвенционира училишен летен камп, така што ова е една од новите мерки кои ги реализираме со цел поддршка на учениците и мотивирање на најмладите жители на општината. Тој додаде дека различните активности кои ги имаат учениците на летниот камл им овозможуваат да стекнат различни искуства, нови пријателства како и да се дружат. Тоа им ја зголемува самодовербата и ги прави поподготвени да се справат со секакви предизвици.

Овој летен камп е уште еден реализиран проект кој е дел од Програмата за работа на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, како и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година. Општина Илинден и во иднина ќе продолжи да биде сојузник во реализација на проектите преку кои ќе дава поддршка на учениците од основните училишта од Илинден. На летниот камп годинава се околу 50-тина најуспешни ученици од општина Илинден кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација, носители на награди од различни училишни натпревари.

Прочитајте

Пробиштип: ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 23 и 24 мај

0
На 23.05.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден 24.05.2024 (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши...