spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето и...

МЖСПП: Меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето и постигнувањето одржливост на животната средина одбележан Светскиот ден на опустинувањето и сушите

Како соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UNEP) и Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (UNCCD), денес во Скопје се оргаинизираше меѓурегионална тематска работилница, посветена на 17 Јуни – Денот на опустинувањето и сушите (DDD).Меѓурегионална работилница за улогата на жените против деградацијата на земјиштето и постигнувањето одржливост на животната срединаодбележан Светскиот ден на  опустинувањето и сушите

Глобалниот фокус за одбележување на овој Ден во 2023 година е на правата на жените на земјиштето, што е од суштинско значење за постигнување на меѓусебно поврзаните глобални цели за родова еднаквост и неутралност за деградација на земјиштето до 2030 година, како и придонес за унапредување на другите цели за одржлив развој (SDGs).

Инвестирањето во еднаков пристап на жените до земјиштето и поврзаните средства е директна инвестиција во нивната иднина и иднината на човештвото.

2„Решавањето на родовите димензии на деградацијата на земјиштето бара признавање и промовирање на правата на жените на земјиште, обезбедување еднаков пристап до ресурсите и вклучување на жените во процесите на донесување одлуки поврзани со управувањето со земјиштето и напорите за обнова. Зајакнувањето на жените и обезбедувањето нивно активно учество може да доведе до поодржливи и правични решенија за борба против деградацијата на земјиштето и постигнување одржливост на животната средина “ – истакна миистерката за животна средина и просотрно планирање Каја Шукова во поздравното  обраќање.

_DSC7458На настанот е обратија и извршниот секретар на UNCCD Ибрахим Тиав, региононалниот офицер за Централна и Источна Европа на UNCCD Надежда Дементиева, регионалниот офицер за Северен Медитеаран Мустафа Абдулах Иуртоглу и координаторката за проекти за Западен Балкан на УНЕП Искра Стојанова.

_DSC7350Презентацијата на учесниците  беше  проследена со тематска конференција „Зајакнати жени за одржливо управување со земјиштето“ во согласност со темата на DDD „Нејзина земја. Нејзини права“. Присутните разменија ставови и искуства за акутните прашања поврзани со сопственоста на земјиштето, родовата еднаквост, пристапот на девојките и жените до подобрено знаење и технологии, улогата на жените во процесите на донесување одлуки за прашањата поврзани со земјиштето. По презентациите се отвори дискусија за прашањата за деградација на земјиштето и сушите, за постигнатиот напредок и за постојаните предизвици за постигнување неутралност за деградација на земјиштето во регионите на Централна и Источна Европа и Северен Медитеран. Исто така, се споделија ставови за можностите за активирање на агендата за обновување на земјиштето како економично и ветувачко решение за сите: владите, бизнисите, граѓанско општество.

_DSC7370Македонскиот тим ги презентираше резултатите од ГЕФ/УНЕП проектите во Северна Македонија, особено тековните активности на  ГЕФ 6 проектот, чија цел е обновување на деградираното земјиште и унапредување на практиките за одржливо управување со земјиштето.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...