spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЧУВАР ВО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ...

МЖСПП: ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЧУВАР ВО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ – ЗП МАЛЕШЕВО И ЗП ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

Врз основа на 108 став (4) и став(5) од Законот за заштита на природа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21) и член 6, 7 и 9 од Правилникот за содржината на програмата за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје и начинот и постапката за полагање на стручниот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр.126/10) Министерството за животна средина и просторно планирање распишува:

ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЧУВАР ВО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ – ЗП МАЛЕШЕВО И ЗП ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

  1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје треба да ги исполнува следните услови:

–          да е државјанин на Република Северна Македонија;

–          да има завршено средно образование;

–          со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, се додека траат последиците од забрана.

–          да има општа здравствена способност за работното место

  1. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагањена стручен испит за чувар во заштитено подрачје треба да достави пријава која ги содржи следните податоци:

–          име и презиме на кандидатот;

–          датум и место на раѓање на кандидатот;

–          адреса на живеење или престојување на кандидатот;

–          телефон и контакт адреса на електронската пошта на кандидатот;

–          јавна установа или субјект каде кандидатот е вработен;

–          доказ за завршено средно образование;

–          доказ за работно искуство и

–          Решение за назначување за чувар во заштитено подрачје

  1. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерство за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр.3, кат 2, со назнака на пликот за „За Комисија за полагање на стручен испит за чувар за заштитеното подрачје„.
  1. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е 15 дена.
  1. Полагањето на стручниот испит ќе се организира во рок од 60 дена сметано од денот на пристигнувањето на пријавата за полагање на стручен испит. За датумот на полагањето на испитот кандидатите дополнително ќе бидат известени.
  1. Кандидатот за полагање стручен испит се повикува да го полага писмениот испит најмалку 15 дена пред закажаниот ден за испит.
  1. Програмата за полагање на стручниот испит како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството. www.moepp.gov.mk.

материјали за полагање на стручниот испит

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...