spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување

Илинден: Известување

Почитувани граѓани,

Ве известувaме дека поради изведување на градежни работи за реконструкција на коловозот на улица 532 во Марино, односно асфалтирање на локалниот пат, кој ќе се работи во деновите 23 и 24 јуни 2023 година (петок, сабота), ќе се изврши промена на времениот режим на сообраќај на оваа улица и истата ќе биде затворена за сообраќај заради побрзо и поквалитетно завршување на градежните акивности.

Во таа насока дополнително Ве известувме дека во овие два дена автобусите на ЈСП Скопје, односно автобуската линија број 63 (Транспортен Центар-Мрално), ќе се движи со пренасочување односно од почетокот на улица 532, с.Марино (кам маркет), ќе продолжи по улица 500 Марино и дел на улица 11 Кадино, се до раскрсницата Кадино-Миладиновци-Бунарџик каде ќе продолжи кон населеното место Кадино и кон постоечката утврдената возна траса кон Мралино.

Се надеваме на Ваше разбирање и поддршка во реализација на овој важен проект за сите граѓани на општина Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте