spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Известување во врска со собирање кабаст отпад од домовите

Ѓорче Петров: Известување во врска со собирање кабаст отпад од домовите

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во текот на наредниот период започнувајќи од 19.06.2023, Комуналниот пункт во Ѓорче Петров во соработка со Комунална хигиена – Скопје ќе спроведе редовна еколошка акција за подигање на кабаст отпад од улиците во Општина Ѓорче Петров, односно сите улици кои го опфаќаат урбаниот и руралниот дел од општината.

Граѓаните ќе бидат навремено известени за подигање на кабаст отпад во нивното место на живеење. Акцијата ќе се спроведува во понеделник и четврток, односно истата ќе опфати четири реони:

Реон 1 (Хром, Ѓорче Петров – левата страна од ул. Ѓорче Петров)

Реон 2 (Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Дексион – десната страна од ул.Ѓорче Петров)

Реон 3 (Даме Груев и Ново Село)

Реон 4 (Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука и Орман)

Под кабаст отпад се подразбира:

– Кревети, стар мебел

– Врати, прозори

– Апарати за домаќинство

Кабастиот отпад треба да биде одложен пред дворното место до 8:00ч, бидејќи комуналните работници ќе го складираат отпадот започнувајќи од 8:00ч, односно за да не дојде до пропуштање на било чиј отпад кој ќе биде изваден на видно место по одреденото време.

Aпелираме кабастиот отпад да го изложувате пред вашето дворно место точно во денот којшто е предвиден за подигање отпад во вашиот реон и истиот да не го одложувате до контејнерите кои служат за ситен отпад.

За урбано и чисто Ѓорче!

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...