HomeОпштиниГрад Скопје: Заврши реконструкција на улицата 38

Град Скопје: Заврши реконструкција на улицата 38

spot_img
spot_img

Завчера завршија работите на реконструкцијата на улица 38, крак на улицата Македонско Косовска Бригада,  во Општината  Шуто Оризари.

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, за само неколку дена успешно ја реализираа поставената цел за реализација на реконструктивниот зафат и на општо задоволство на жителите, денес ја завршија реконструкцијата.

Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Во текот на реконструкцијата извршен е  ископ на оштетен асфалт, се постави нов слој тампон  и се асфалтира целосно оформената  површина  со нова асфалтна маса тип БНС- 16.

Град Скопје, планира наскоро на овој потег,  да  изврши реконструкција и на улиците  50  и  40, со што ќе се опфати поголем дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија