HomeМинистерстваМНР: Османи до Кралот Чарлс Трети - Благодарни сме за тридецениската поддршка...

МНР: Османи до Кралот Чарлс Трети – Благодарни сме за тридецениската поддршка на Северна Македонија од Обединетото Кралство

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.

„Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство“, напиша Османи по средбата со Кралот Чарлс Трети.

Османи и Кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.

Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија