Заменик министерот за надворешни работи Фатмире Исаки оствари средба со Резидентниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак и со Координаторот во Одделот за Универзалниот периодичен преглед при Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Женева, г-ѓа Сепидех Мохаџер.
,,Советот за човекови права при ОН има клучна улога во заштитата и промоцијата на човековите права и слободи, како и на значењето на сите негови механизми, посебно Универзалниот периодичен преглед, кон кој од наша страна се пристапува со особено внимание’’, истакна ЗМНР Исаки. Таа информираше за Конференцијата за жените во надворешната политика, која во организација на МНР годинава ќе се одржи по трет пат, во рамки на претседавањето со ОБСЕ2023, а е посветена на адресирање на предизвиците за постигнување на родова еднаквост во сите сфери, како и за вклучувањето на младите во сите процеси.
Координаторот Сепидеџ Мохаџер, ја потенцираше досегашната конструктивност и подготвеноста за соработка на земјата со механизмите и носителите на специјални мандати на ОН и укажа на значењето на механизмот Универзален периодичен преглед како сериозен предизвик кој и претстои на Република Северна Македонија во претстојниот период.
Таа истакна дека улогата на земји со солидно портфолио за човекови права и слободи се особено значајни за работата на Советот за човекови права и во тој контекст, ја истакна подготвоеноста и поддршката на Канцеларијата на ВКЧП да помогнат во процесот на подготвка на четвртиот по ред извештај на Северна Македонија, која ја сметаат за сериозен партнер при исполнување на обврската за изготвување национален извештај по Универзалниот периодичен преглед и имплементирање на добиените препораки.






























