HomeОпштиниГази Баба: Награда за првенците на генерација од 3000 денари

Гази Баба: Награда за првенците на генерација од 3000 денари

spot_img
spot_img

На последниот ден од учебната 2022/2023 година во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски ги додели признанијата на првенците на генерацијата 2014/2023 година, кои оваа година го завршуваат основното образование.

Најуспешни ученици по спроведена постапка во основните училишта на генерацијата 2014/2023 година се:

Јана Симоновска – ООУ “Крум Тошев”, Филип Тодоров – ООУ “Наум Наумовски Борче”, Мелани Козарова – ООУ “Кирил и Методиј”, Ива Игнатова – ООУ “Његош”, Теодора Мариновска – ООУ “Вера Јоциќ”, Ѓорѓи Цветковски – ООУ “Стив Наумов”, Саша Исјановски – ООУ “Григор Прличев”, Михаела Димчова – ООУ “Дане Крапчев”, Теодора Стојчевска – ООУ “Крсте Мисирков”, Регис Хаскај – ООУ “25 Мај”, Сара Стефковска – ООУ “Наум Охридски”.

Општина Гази Баба на најдобрите 11 ученици ќе им додели финансиска награда од 3000 денари.

Оваа мерка се спроведува втор пат во општина Гази Баба и ќе продолжи и во иднина, бидејќи истата претставува признание за трудот на најдобрите ученици, но и мотив за сите останати.

Градоначалникот Стефковски, во оваа прилика, им го честиташе и крајот на учебната година и постигнатиот успех на сите ученици и им посака да имаат поголеми успеси и достигнувања во иднина.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија