HomeОпштиниИлинден: Поставена урбана опрема во повеќе населени места

Илинден: Поставена урбана опрема во повеќе населени места

spot_img
spot_img

Општина Илинден интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.

Во рамки на овие активности изградени се симболични скали со заштитна ограда, кои водат од локалниот пат во населеното место Бучинци до црквата Света Троица. Скалите се изградени во соработка со црковниот одбор, а во  нивна близина направено е одморалиште со клупа и корпа за отпадоци.

Во населеното место Мршевци на фудбалското игралиште поставени се две нови кабини за играчите, заменета е заштитната ограда со нова околу игралиштето.

Во населеното место Марино покрај пешачко-велосипедската патека поставени се две нови фонтани за пиење вода, со цел разладување на минувачите и рекретивците во топлите летни месеци, а во близина на новиот кружен тек на ул.8 и ул.9 поставена е нова автобуска постојка.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со поставување на нова урбана опрема, уредување на просторот, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината.

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија