HomeОпштиниЦентар: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства

Центар: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар.

Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со која што Општина Центар има традиционалната соработка, Градоначалникот Герасимовски ги подели заедно со претставници од  невладината организација „Банка за храна на Македонија“.

„Хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“ продолжува да се реализира во континуитет и е секоја година добредојдена за нашите сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик на сиромаштија. Верувам дека истата ќе придонесе кон подобрување на нивната сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби“, порача Герасимовски.

Општина Центар апелира и до останатите компании се приклучат со донации и да ја поддржат хуманитарната иницијатива „Нула глад во Општина Центар“со цел да им се помогне на најранливата категорија наши сограѓани. Општина Центар секогаш ќе се залага за организирање на разновидни хуманитарни акции за помош онаму каде е најпотребно.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија