Во финална фаза е поставувањето фекална канализација на улица „43“ во Волково каде со години се ветуваше, а ништо не беше реализирано.
Останува уште да се помине фазата-технички прием на инсталацијата, по што ќе следува асфалтирање на прекопаниот дел, но и долж целата улица која е во должина од 200 метри.
Сите заложби се во насока на брзо урбанизирање на Општина Ѓорче Петров. Согласно програмите и плановите за работа, опфатени ќе бидат сите делови на нашата општина.
Извор: Општина Ѓорче Петров