Општина Тетово е дел од “Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”, во рамки на кој се спроведува едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“. Кампањата има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
Извор: Општина Тетово