HomeОпштиниАеродром: Доста е неработење и неразмуност, апелираме до градските власти веднаш да...

Аеродром: Доста е неработење и неразмуност, апелираме до градските власти веднаш да постапат за собирање на отпадот

spot_img
spot_img

Градската администрација го има донесено градот до степен на апсурд и за жал наместо преземање мерки за решавање на проблемот слушаме говори полни со навреди. Но, тоа не е нашето ниво. Без разлика на политичката партија, етничката припадност сите сме обединети да си помогнеме и да го решиме проблемот на граѓаните. Ова во денешната изјава по завршување на седницата на Скопскиот плански регион во изјава за медиумите го истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Немаме капацитет и немаме финансиски ресурси како општини и во овој случај потребно е да престане политиката. Не може Штип, Велес, Битола и Старо Нагоричане да доаѓаат да ни ги чистат контејнерите, бидејќи тоа е обврска на функционерите од Градот кои се именувани и избрани за тоа“, потенцираше Муцунски во изјавата.

Тој притоа упати апел за разумност и во име на сите градоначалници од скопскиот плански регион, а поради постоење на здравствен ризик, побара градските служби веднаш да постапат со собирање на отпадот, затоа што како што потенцираше во изминатите неколку дена и цели две години гледаме неработење и неразумност.

Општина Аеродром во текот на изминатата вечер со поддршка на Општина Штип започна акција за индивидуално собирање на сметот од контејнерите. Со капацитетите кои не се ставени на располагање, таа акција продолжува и денес.

Линк до видеото: https://fb.watch/lHBzvlOFeT/.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија