spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Tретиот спортски терен на тартан подлога се гради во н....

Гази Баба: Tретиот спортски терен на тартан подлога се гради во н. Ченто

Во рамките на работното лето “Гази Баба 2023” градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на третиот спортски терен на тартан подлога кој ќе е ограден со нова ограда, кај црквата Св. Лидија во н. Ченто.

Изградбата на овој терен произлезе како барање од граѓаните на една од средбите со граѓани на градоначалникот Стефковски во н.Ченто.

Досега изградивме два нови спортски терени и тоа во Автокоманда и Чукур Маало – Трубарево.

Продолжуваме со реализација на нови проекти во сите населени места низ општина Гази Баба.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте