По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
Услови за учество на Конкурсот:
- Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;
- Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:
ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
- Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
- Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г.;
- Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.
Доставените трудови не се враќаат.
Извор: Општина Охрид