HomeОпштиниКарпош: Инфо денови со локалните инспекциски служби

Карпош: Инфо денови со локалните инспекциски служби

spot_img
spot_img

На иницијатива на претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска завчера градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својот кабинет оствари информативна средба со претставниците на ова работно тело. На состанокот присуствуваше и раководителката на Секторот Инспекторат при Општина Карпош, Богданка Милошевиќ Мучева,  а во рамки на средбата, акцентот беше ставен  на проблемите со кои се соочуваат инспекциските служби, како и на надлежностите при примена на Законот за инспекциски надзор.

Притоа, претседателката Рендевска и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, неодамна одржаа координативен состанок на кој се дискутираше за предизвиците со кои се соочува инспекцискиот надзор и во таа насока беа разгледувани повеќе алтернативи за продолжување на понатамошната меѓуинституционална соработка. Оттука произлезе и иницијативата за денешната средба со градоначалникот Јакимовски, која е дел од работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“. Имено, „ИНФО деновите“ коишто се од информативно – советодавен карактер, се одржуваат со цел да се помогне на општинските инспекциски служби доследно да го применуваат Законот за инспекциски надзор.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија