HomeОпштиниСопиште: Со Стоматолошкиот факултет – Скопје потпишан меморандум за соработка

Сопиште: Со Стоматолошкиот факултет – Скопје потпишан меморандум за соработка

spot_img
spot_img

Деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски и градоначалникот на Општина Сопиште, м-р Стефче Трковски, потпишаа меморандум за соработка.

Со меморандумот се предвидени реализирање на заеднички активности со цел унапредување на оралното здравје кај:

  • Децата од предучилишна и училишна возраст;
  • Лица кои потекнуваат од семејства со социјален ризик;
  • Лица корисници на пензија;

Целта на заедничката соработка е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за преземање мерки за превенција на оралните заболувања како и намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат истите.

?Активностите ќе започнат со почетокот на учебната 2023/2024 година.

 

 

 

 

Извор: Општина Сопиште 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија