HomeОпштиниГрад Скопје: Во завршна фаза изградбата на новиот мега парк „Даме Груев“...

Град Скопје: Во завршна фаза изградбата на новиот мега парк „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во градежните работи на новиот мега-парк „Даме Груев“, во општина Ѓорче Петров, кој е во завршна фаза.

– На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина -истакна градоначалничката Арсовска.

Во паркот се финализираше изградбата на паркингот за посетители, се поставува урбана опрема, а во тек е и изградбата на детско игралиште, игралиште за миленици, фитнес зона и инклузивно игралиште.

Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Младите треба да добијат вистинска шанса за прво...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, кој се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство...