HomeМинистерстваМНР: Средба Исаки - Леки

МНР: Средба Исаки – Леки

spot_img
spot_img

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, на 10.07.2023 година, оствари средба со државната секретарка за надворешни работи и култура на Република Индија, Менакаши Леки.

На средбата беа разгледани добрите билатералните односи меѓу двете земји, како на политички така и на економски план, при што заеднички беше констатирана потребата од нивно натамошно унапредување и продлабочување.

 

Соговорниците се согласија за потребата од организирање на средби на високо и највисоко ниво, што ќе даде нов импулс во билатералните односи.

Од индиска страна беше покрената иницијатива за потпишување Договор за партнерство за мобилност на трудот и работната сила меѓу Република Индија и Република Северна Македонија .

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка и актуелните меѓународни прашања.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЈА: Минчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос – Од експертска...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети...