HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Домови и интернати за ученици и студенти, 2022/2023 година

ДЗС: Домови и интернати за ученици и студенти, 2022/2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022/2023 година, вкупниот број  ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 5 877, што претставува зголемување за 6.5 % во однос на 2021/2022 година. Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 124 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

Извор: Државен завод за статистика 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте