spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Платете го веднаш доспеаниот данок по ДЛД-ГДП за 2022 година ...

УЈП: Платете го веднаш доспеаниот данок по ДЛД-ГДП за 2022 година и избегнете присилна наплата

Согласно евиденцијата на УЈП, 3408 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2022 година што требаше да се исполни ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2023 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци (за даночните обврзници) по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

ПЛАТЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАНОЧЕН ДОЛГ ВЕДНАШ СО НАЛОГОТ ИЗДАДЕН ОД УЈП!

  • Најавете се на https://e-pdd.ujp.gov.mk
  • Одберете ја коцката (копчето) „Годишна даночна пријава
  • На копчето „Преглед“, кое се наоѓа најдесно во редот на излистаните Годишни даночни пријави одберете ја соодветната даночна пријава (година)
  • Одберете го копчето „Печати“ кое се наоѓа во долниот десен дел во прегледот на Годишната даночна пријава
  • Испечатете ја или точно препишете ја третата страница од документот

ВНИМАВАЈТЕ!

Плаќањето може да се изврши само со налог ПП53, во спротивно уплатата нема да биде евидентирана во системот на УЈП!
Доколку погрешно го напишете фолио бројот во цел на дознака, уплатата нема да биде уредна и прокнижена во УЈП и ќе повлече дополнителни трошоци, административна такса и време за повторна уплата со точниот фолио број.

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ!

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати.
Преземи калкулатор (прилог)

Долгот може да биде платен и од трето лице, со тоа што преку опцијата „Плаќање од трето лице“ во Вашиот кориснички профил во е-ПДД можете да го замените налогодавачот, односно да наведете ЕМБГ на лицето кое во Ваше име и сметка ќе го плати долгот. Дополнителни информации може да најдете на страната на УЈП, во делот Плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.

ОБРАТЕТЕ СЕ НА КОНТАКТ ЛИЦЕТО ВО УЈП доколку:

  • според Вашата евиденција не треба да имате обврска за плаќање по ДЛД-ГДП
  • сте извршиле уплата на даночниот долг, но истата не е евидентирана од УЈП
  • сте крирале двојна пресметка како исплатувач на доход или физичко лице, од која едната е платена, а другата не

со цел евидентирање на Вашата уплата во системот на УЈП.

Редовно следете ја Вашата електронска пошта, бидејќи ќе добиете електронска порака од УЈП со контакт лица од надлежните регионални дирекции на кои треба да се упатите за дополнителни информации!

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...