HomeОпштиниГази Баба: Се одржа манифестацијата „Ден на солидарноста“

Гази Баба: Се одржа манифестацијата „Ден на солидарноста“

spot_img
spot_img
По повод одбележувањето на 60 годишнината од земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година, општина Гази Баба вечерва ја организираше манифестацијата “Ден на солидарноста”.
Манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска, на која граѓаните можеа да ги проследат музичките изведби на Марјан Коцев, Даниела Темелковска и Душко Ѓорѓиевски.
На 26 јули 1963 година Скопје било разрушено, а со тоа навидум била урната и надежта на нашиот народ.
Хуманоста и солидарноста на светот ја врати надежта кај граѓаните, дека доаѓа подобро утре.
Како народ и држава не смееме да заборавиме кој бил со нас, кога ни било најтешко.
Не така далеку е 2016-та година, кога нашата Гази Баба беше погодена од катастрофална поплава која зад себе остави голема материјална штета, а за жал однесе и човечки животи.
И тогаш кога нас ни беше најтешко, светот се обедини и ни помогна.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија