spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар...

Охрид: Излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски

Вчера во издание на Општина Охрид, излезе од печат книгата „Охридскиот XIX  век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои  рефлексии во македонската современа литература.

Книгата ќе биде промовирана утре, во 11 часот во салата на Општина Охрид. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска.

Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте