HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Започнува реконструкција на улицата ,,Славејко Арсов” во населбата Водно

Центар: Герасимовски – Започнува реконструкција на улицата ,,Славејко Арсов” во населбата Водно

Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”.

,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти” истакна Герасимовски.

Општина Центар во следниот период ќе започне со реконструкција и на улицата ,,Столтенбергова”.

Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...