HomeОпштиниСтрумица: Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

Струмица: Ќе се реконструира тунелското осветлување во подземната сообраќајница

spot_img
spot_img

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува граѓаните дека од 08.08.2023 година ќе започне со реконструкција, односно замена на тунелското осветлување на подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“.

Реконструкцијата е дел од јавна набавка, а целта е да се подобри функционалноста на тунелското осветлување и да се обезбеди подобра фотометриска распределба на осветлувањето. Изведувач на работите е фирмата Дигитал од Струмица.

Работите ќе отпочнат од улицата „Моша Пијаде“ (влезот на тунелот) до пресек со улицата „Невена Стојкова“ и булеварот „Маршал Тито“, односно до вертикалната сигнализација – семафорите во подземната сообраќајница и согласно тековните ангажмани ќе продолжат кон улицата „Невена Стојкова“ и кон булеварот „Маршал Тито“ со што повремено ќе бидат затворени пристапните точки во текот на работата.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте