HomeОпштиниАеродром: Основното училиште „Лазо Ангеловски“ доби пристапен лифт за дечињата со попреченост

Аеродром: Основното училиште „Лазо Ангеловски“ доби пристапен лифт за дечињата со попреченост

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, добива нов пристапен лифт наменет за учениците со попреченост, со што се финализира уште еден важен циклус на инвестиции со кои ова училиште станува целосно инклузивно, со еднаков пристап за сите ученици.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека инвестициите во образовната инфраструктура се реализираат со средства од буџетот на општината и настојуваат почетокот на учебната година да биде одбележан со поквалитетни и современи услови за реализација на наставата.

„Голем дел од учениците во Македонија се соочуваат со пречки во образованието затоа што се различни. Преку инвестициите во унапредување на образовната инфраструктура настојуваме да ги отстраниме сите потешкотии со кои се среќаваат и да создадеме пристапен образовен процес преку кој ќе се исполни потенцијалот на секое дете“, напиша Муцунски.

Во ова основно училиште, во изминатиот период се реализираа низа инвестиции кои го подигнуваат нивото на инклузивност и овозможуваат еднакви услови за сите. Со поставувањето на овој лифт, се заврши инвестицискиот циклус во кој училиштето доби инклузивни тоалети, пристапни рампи, тактилни патеки и знаци.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...