Завршени градежните работите на улица 40, крак на булеварот Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари. По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за долгогодишните проблеми во овој дел од градот.
Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопштинска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на улица 50, а веќе е завршена и улица 38, при што сите овие проекти се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.
Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и да се реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
Извор: Град Скопје