HomeОпштиниЃорче Петров: 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Ѓорче Петров: 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

spot_img
spot_img

Општина Ѓорче Петров во соработка со Армијата на Република Македонија денеска на три споменици одбележа 22 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила во конфликтот од 2001 година.

Бројни високи државни, партиски и делегации на здруженија положија цвеќе на споменикот на бранителите од Ѓорче Петров во Волково каде се одржа централниот настан.

На одбележувањето во Волково се обрати градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој истакна дека сите се гордеат со херојствата на овие македонски синови.

– Нивната жртва е испишана во историјата, а нашите поколенија учат за нивното дело. – рече Стојкоски.
​
​​​​Тој информираше дека Општина Ѓорче Петров му предложила на Советот на Град Скопје пет улици во општината да бидат именувани со имињата на овие македонски херои, во најголем дел улиците на кои се наоѓаат нивните семејни куќи.

– Ова е само дел од нашите заложби во нивна чест.
Жалам и секогаш ќе жалам. Сите заедно изгубивме едно брдо херојство. Тажно за нашата Македонија.
Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија – додаде Стојкоски.

Во своето обраќање, Стојкоски истакна дека нивното херојство и жртва со сопствениот живот е љубов кон татковината за почит и заслужува поклон до земја за јунаштвото.

Во рамки на одбележување на годишнината од загинувањето, денеска беа посетени и спомен-чешмата во чест на Томислав Настевски-Бумбар, како и споменикот на сите бранители во реонскиот парк, каде исто така, беше положено цвеќе во чест на македонските бранители.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ??

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија