HomeОпштиниГрад Скопје: Проект за нов цевковод за подобро водоснабдување на жителите од...

Град Скопје: Проект за нов цевковод за подобро водоснабдување на жителите од високите зони во Аеродром

spot_img
spot_img

Се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, изработена е инвестициско техничка документација за проект наменет за високата зона во Аеродром. Проектите кои со децении биле ветувани за скопјани, а за кои не само што немало обид за реализација, туку не била изработена ниту соодветни проекти и документации, конечно на барање на нашите сограѓани, еден по еден се изработуваат. Градското јавно претпријатие Водовод и канализација-Скопје, изработи проектно техничка документација за нов цевковод за високата зона во Аеродром.

Определена е оптимална и изводлива траса за реализација и во проектната документација предвидена е нова магистрална водоводна мрежа со профил од 300мм, заради обезбедување на втор довод на вода за високата зона во Општина Аеродром. Со реализацијата на овој проект  целосно ќе се надминат предизвиците со водоснабдувањето, поради дефекти на постоечката мрежа. Со проектот се обезбедува резервен довод на вода до уличните мрежи во населбите каде што постои циркулациона дистрибутивна мрежа од високата зона, паралелна со дистрибутивната мрежа во ниската зона.

 

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија