HomeОпштиниБитола: 7 студенти започнаа со Универзитетска летна пракса

Битола: 7 студенти започнаа со Универзитетска летна пракса

spot_img
spot_img

По завршувањето на првата група од 14 студенти практиканти кои беа дел од проектот „Универзитетска летна пракса“, од денес уште 7 студенти од универзитетот „Свети Климент Охридски“, започнаа со својата практикантска работа.

Пет од студентите во следниот еден месец ќе извршуваат работни задачи во општината, а останатите двајца се распоредени по еден во Зоолошката градина и еден во Домот за стари лица „Сју Рајдер“.

 

 

 

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на новите практиканти им посака успешна работа преку активна вклученост во областите во кои ќе работат во текот на месец август, со цел нивно стекнување на повеќе знаења, но и поддршка на институциите во работењето во овој период.

Проектот Универзитетска летна пракса, го реализира Општина Битола во соработка со  Универзитетот “Св. Климент Охридски”, преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, а за истиот преку општинската програмата за спорт и млади планирани се 500.000 денари.

Согласно договорите, практикантите имаат обврски работните задачи да ги извршуваат одговорно и посветено, за што имаат право на паричен надомест за практикантска работа за еден календарски месец од 10.000,00 денари во нето износ, како и персонален данок и осигурување од повреда при работа.

 

 

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија