spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европско првенство во Одбојка во Машка Конкуренција 2023 - Северна Македонија...

АМС: Европско првенство во Одбојка во Машка Конкуренција 2023 – Северна Македонија е Горд Домаќин на Европско Првенство во Одбојка!

Со големо задоволство, Северна Македонија го објавува своето приготвување за престижното Европско првенство во одбојка во машка конкуренција, кое ќе се одржи во нашиот главен град Скопје, во периодот од 30 август до 06 септември. Овој мега-спортска настан ќе ни овозможи да го демонстрираме најдоброто од нашето гостопримство и спортско влијание пред нашите гости и претставници на одбојкарските тимови од Европа.
Нашиот национален тим е најдобро подготвен и детерминиран да ја представува нашата држава со гордост и посветеност. Покрај нашата репрезентација, на ова првенство ќе учествуваат исклучително квалитетни селекции како: Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.
На оваа конференција истовремено беа промовирани и новите дресови на македонската репрезентација во одбојка.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција им посака успешен настап на македонските одбојкари, како на Европското првенство така и на турнирот „Чајка“. Меѓудругото, директорот Мојсовски изрази благодарност до одбојкарската федерација која заедно со АМС успеа да организира настан од голема важност за европскиот спортски календар и за љубителите на одбојката. “Голема благодарност до играчите кои ја представуваат Македонија, кои посветуваат време и труд овие месеци каде што се припремаат за предстојното Европско првенство.Се надевам дека ќе ги наполниме трибините и ќе имаме голема поддршка и мотив за да стигнеме до успех” изјави директорот Мојсовски.
“Оваа година на ова Европско првенство е една ретка можност да го искажеме квалитетот пред своја публика во нашата земја, и голема чест да го имаме пехарот во нашите витрини. Ќе ја искористиме оваа можност за подобро да се подготвиме за Европското првенство кое што за нас е еден од најголемите спортски настани во нашата историја” истакна селекторот на одбојкарската репрезентација Јошко Миленковски.
Со почеток на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција, Северна Македонија станува горд домаќин, каде и се надеваме да го споделите овoj спортски настан со нас.
Истовремено го најавуваме и 47-от Меѓународен Турнир во Одбојка “Бранко Хаџиоски – Чајка”, кој ќе се одржи во Спортски Центар “Борис Трајковски” во Скопје, во периодот од 18-ти до 20-ти август, 2023 година. Агенција за млади и спорт е покровител на овој меѓународен турнир.
 организаторот на турнирот Горан Хаџи Иљоски – Чајка, изјави: “Оваа година 47-от Меѓународен Турнир во Одбојка “Бранко Хаџиоски – Чајка”, е интерконтинентален,каде што имаме селекции од три различни континенти. Домаќини сме на Египет,Јапонија и Грција. Верувам дека овој турнир ќе биде многу квалитетен и дека нашите гледачи и љубители на одбојката ќе уживаат во прекрасни натпревари”
Овој спортски настан ќе биде дом на натпреварувачите од репрезентациите на Египет, Грција, Јапонија и нашата сопствена, Северна Македонија.

Прочитајте